убедување (имн.) - дека (сврз.)

Па сепак, и покрај тие ситни, а чести пакости, во него преовладуваше убедувањето дека душевните болести на современиот човек не можат повеќе да се лекуваат со малограѓанска свест, со која единствено беа вооружени психијатрите од стариот ков.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Поимот „идентификација“, изгледа, е уште еден пример за необработен, непрецизен чувател на местото на некој попрецизен опис или на некоја попрецизна анализа или категорија што засега ја немаме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто машката геј-култура, како што видовме, навистина ја покажува упорната неминливост што ја поврзуваме со јазично заснованите култури.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
“375 Но, ниту тоа не е баш целата приказна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Идентификацијата“, „деидентификацијата“ и „вкрстената идентификација“ претставуваат обиди да се артикулира општото, нејасно убедување дека ангажираноста на машката геј-култура со ликот и персоната на Џоан Крафорд остварува нешто важно, нешто значајно, нешто особено вредно за тие што учествуваат во таа култура. ‌Она со што си имаме работа, најпосле, можеби е особен вид на ангажираност што некако ги мобилизира комплексните односи на сличност и различност – но без да воспоставува субјекти и објекти на вообичаените начини.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-ослободувањето, всушност, не било толку успешно во напорот да ги преработи субјективните животи на геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Идентификација“ е начин да се каже дека машката геј-култура е, некако, комплексно зафатена со ликот на Џоан Крафорд – дека тој лик воодушевил некои геј-мажи, дека неговите фигуративни можности ги погодиле и дека тие емотивно се поврзале со него или дека се понесени од односите на блискост или на совпаѓање или на коинцидентност што успеале да ги остварат со него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И покрај многу распространетото убедување дека машката геј-култура постојано застарува, излегува дека со текот на времето се сменила многу помалку отколку што сакаме да тврдиме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа го зацврстило нивното старо убедување дека со многу луѓе работа не се врши!
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Каде се чуло победениот да го толерира победникот?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Поради таа лишеност е оваа моја внимателна qубов кон вакви ситнурии”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Веќе 1932-та тој напиша во предговорот за својата втора по важност есеистичка книга, Расправа, еден лапидарен став: “животот и смртта му недостасуваа на мојот живот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Оваа стратегија настана од убедувањето дека „изумите на филозофијата не се ништо помалку фантастични од изумите на уметноста“, и од неотповикливото гадење спрема книжевниот реализам кој често се поистоветува со баналноста, со предвидливите, па дури и со здодевните страни на животот. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 213
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Стравот е емотивен облик на признавање на поголема моќ на нешто или некој друг и убедување дека другиот може да ни нанесе лошо, од што не можеме да побегнеме.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Исто така настана од Борхесовото согледување на сопствениот живот како живот во кој немало никаква драма вредна за бележење или коментирање, барем не за потребите на прозата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Стравот ја означува свеста на зависниот, на слугата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Умешноста со која татко му ги натрупуваше парите, како и опчинетоста со театарот, каде родителите го водеа од дете, му го зацврстија убедувањето дека патетиката и ладнокрвноста можат да бидат убоита комбинацијата ако се употребат во вистинско време и на вистинско место.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Јас сум таа, заедно со татко ти, која упорно го поткрепуваше твоето убедување дека човекот мора да си го сочува својот интегритет, да биде способен да ја забрани слободата од детските дни, и надворешните присилби да ги направи што е можно побезопасни.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Папируси полни со празни зборови, зборови што можеби се плод само на неговиот ум, а не на Божјата вистина која се населила во него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
За само еден миг, сето она за што цел ден размислуваше, запишувајќи го со цврсто убедување дека е плод на неговото длабоко спознание на нештата, му стана сосема бесмислено.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во минути на смирување, кога спокојното размислување го потиснуваше трагичното чувство на безизлезност, Арсо се враќаше кон напрежните свои убедувања дека вистинската смисла на човечкото живеење е во непрекинливата акција, во непреодливата волја на човекот да дејствува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Геријатрија и педијатрија Кога куќата ми беше долу педијатрија, горе геријатрија, а живеев во убедување дека семејството многубројно ми е складно и полно со љубов, денот ми беше долг како три, а јас бев исполнета.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но, колку повеќе размислував за смелата, брза и префинета остроумност на Д. – за тоа дека документот мора да му биде секогаш на дофат, ако сака успешно да го употреби; и за клучниот доказ, добиен од префектот, дека не се наоѓа во границите на вообичаеното пребарување на тој достоинственик – толку повеќе стекнував убедување дека, за да го скрие писмото, министерот се послужил со далекосежното и мудро решение воопшто да не го крие документот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На почетокот растевме во убедување дека целиот свет знае за нас.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога сите се откажаа од убедувањата дека треба да ги исправам забите, еден човек на најпрост начин ме поттикна да го сторам тоа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Што ли стана со сите оние долгогодишни убедувања дека ништо на светот нема да не раздели. Каде е сета таа љубов.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Го додавам своето убедување дека и мистичката и естетската проникливост во својата егзистенцијална полнина ќе биде достигната дури во една потполна демократска општествена форма сонувана од многумина утописти и историски спроведувана од одредени прагматисти (барем во иницијален облик).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
VII Кога се разделија Татко и Климент Камилски во доцната ноќ, и кај обајцата зајакнуваше убедувањето дека ќе најдат нови методи како да ги обединат книгите од нивните библиотеки за среќната иднина на нивните деца на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И, кога почнав да се ослободувам од таквите размислувања со убедување дека доаѓањето на новата службеничка во Одделението за анализа е, најверојатно, рутинска работа, на вратата се појави мојот шеф, началникот Круме Волнаровски.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Да се остават мажите во убедување дека тие се мажите, додека тие, скришум, не веруваат дека тие се жени (како што ни децата не веруваат дека се деца).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Наполно ирационално е убедувањето дека може да бидеме оние старите зошто човекот многу се промени.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)