убавина (имн.) - во (предл.)

Разбудена среде ноќта те барам тебе во дел од моето тело.... тебе, мирисот на убавина во твоите раце... не се раѓаат повеќе такви како нас... срцето ми кажува стихови за тебе...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Безусловната љубов создава хармонија, а мудроста е најголемиот добродетел.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Долготрајна, исполнета, среќна сегашност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Надежта за живеење е во љубовта и убавината во секоја форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Валоризација на интимни, мирни и спокојни секојдневија, откривање на големата слика на животот, мир, спокој, бои, мириси, светлина и нова енергија, сосема поинаков свет на убавина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
-„Дали благородната убавина во својата, чиста најидеална форма е божествена клетва?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Исполнета сум со спокој, зошто ова срце создава и креира едноставна убавина во секој миг од денот, во мене расте љубовта кон себе, кон светот и животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мозаиците и фреските во црквата Хора во Константинопол, покажуват енергија, свежина и убавина во споредба со кои италијанските творби изгледале примитивни и сурови.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ништо, па и најголемите убавини во нејзината глава создаваа слика на морбидност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мигот на јарката убавина во твоите очи е толку силен што не мислам на долгата темница што ќе го замени.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Бевме горди што имавме многу убавини во Македонија што сакавме да им ги покажеме на нашите пријатели.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Еве неколку извадоци од првиот ден во Брезница кои би можеле на авторот да му бидат од корист: Всушност ова село со своите урнатини, напуштени куќи, старци, изгладнети кучиња – скитници и без исклучок луѓе со изрази на исцрпеност, без ниедно дете (освен мутлавата што ја виде) ја наградува неверојатно богатата природна убавина во којашто е сместено.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- На онаа во која детето го нацртало цветот, па кога тој овенал и исчезнал, детето ја имало неговата убавина во своето блокче.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Има убавина во тоа и многу романтика.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Вие сте фино возбуден и лесно возбудлив поет, со водени очиња подуени од книжевни пијанства, шетате навечер со рацете во џебови, свиркате, го дразните малото курче, умирате од убавина во догматски дремеж и во лигави рими и од совршено жабја перспектива, ни давате до знаење како се чувствувате и какви планови имате со светот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И реков дека се лаже и себеси и нас, но не ѝ се противев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ќе видиш како ќе се зашарени небото кога панделките ќе се престорат пеперуги! - го фалеше таа пред доктор Пачев изумот чија што убавина во нејзините размисли заземаше посебо место.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Убавината кај Чинго меѓутоа ги носи пред сѐ отисоците на човековата убавина во чие име младиот писател ги искажува со сериозна и длабока загриженост и вистинитост своите големи и нестивнати стравови.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тој беше излезен од своето тело и пливнат во една општа убавина во која се беше толку светло, чисто, јасно, отворено и видливо до онаа страна на постоењето.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А волшебно е да се патува низ неа како низ едно примитивно општество на утрешнината, сложено, измешано во неизмерен промискуитет, општество на свирепи ритуали, но полни со убавина во својата површна разноликост, општество на една тотална метасоцијалност со непредвидливи последици чијашто пак неизбежност нѐ опчинува, но општество без минато низ кое би се одразило, и коешто оттаму суштински е примитивно...
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Таа ја оддава таинствената точка на животот, на убавината во се што е живот околу нас.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- На онаа во која детето го нацртало цветот, па кога тој овенал и исчезнал, детето ја имало неговата убавина во своето блокче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Имаше и нешто убавина во неа.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тој, од друга страна, откри голема убавина во нејзиното лице, голема добрина и разбирање.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)