убавина (имн.) - кој (зам.)

Занесен од оваа раскошна убавина која стоеше пред него, само ги оближуваше усните.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Томето немо стоеше потполно предавајќи му се на мигот, на најубавиот момент во нејзиниот живот, чувствувајќи ги прекрасните топли, меки усни на своите како ја исполнуваат со чудесен длабок мир и бескрајна топлина, светлина и убавина кои ѝ се ширеа се низ телото до сржта на секоја клетка.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Она што ни останува е да ја играме играта на која Дишан нѐ покани, да откриваме во неговото дело уште многу убавини кои иднината ги чува скриени.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Енграми веќе втиснати на убавина кои држат свесна психа, не дозволува разорување телесно.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Пуста убавина. Убавина која измачува. Знаеш , многу убаво и не е на убаво.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)