убав (имн.) - расположение (имн.)

- Скрши глава - промрморе Бојан, налутен на ветрот кој му го матеше убавото расположение.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јадеше со задоволство, чувствувајќи истовремено како јадењето му го враќа и убавото расположение.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Некогаш и самите сме виновни за тоа, но почесто денот и убавото расположение ни ги расипуваат други.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Неизвесноста од она што го носи идната ноќ, идниот ден полека му го затемнуваа убавото расположение што го зафати додека јадеше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)