трева (имн.) - изгази (гл.)

Ги нема ни оградата, ни тревата. Оградата е откорната и однесена, тревата изгазена.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Се спотнав дури го стасав дури го навасав уморено предаденото кротко во раката предавничка како изморено јагне како птица премалена та почнаа да паѓаат гранки и да се ронат лисја и сокот да се меша со солзите и потта слегувајќи удолу кон земјата кон дното на мојата болка врз која се најдовме во прегратка среде тревите изгазени од купиштата дрва обајцата искастрени без вршки и без гранки со пресечени снаги сложени во камари додека седалата летаа без своите птици без своите сенки без нашите плешки во бездната на воздухот откорната од незасита.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)