трага (имн.) - се (зам.)

Пред нас избришани траги, а зад нас и нашите траги се бришат. А кој знае дали оставаме трага.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја откривам сликата од перспектива на детската меланхолија – дедо тивко се движи низ собата, гледајќи ме, потоа го раскрилува прозорецот, бучавата од улицата допира до мене, постепено, неумоливо губејќи се, тие проѕирни моменти што постојат само во еден сегмент на нашето минување, а чии траги се одблесоци, одзиви на нашата тага.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Не поминав ни петстотини метра кога гледам и една друга трага се плетка со трагата на зајачето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)