тон (имн.) - продолжи (гл.)

Во младоста пиев само виски. Како и вие сега. На здравје!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не рече ништо, настана мала тишина, а потоа Камилски, небаре со нов залет на мислата, со повисок тон продолжи: Никогаш, мој пријателе, нема да ги заборавам времињата кога со нашата бригада доброволци во Шпанија се боревме со мерценарите мерценерите кои беа во служба на фашистот Франко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски ја разбра алузијата преку оваа француска изрека од една фарса (од времето на Рабле), дека треба да се вратат на приоритетната работа, се насмеа и во весел тон продолжи: Во право си, пријателе, зборови многу, а време малку!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Секој збор има своја историја, своја судбина...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бев изненаден од отвореноста на Сојузниот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сојузниот, откако испи од вискито и млекото, со одмерен тон продолжи, помина на главното на вообичената средба: Вие, амбасадоре, имавте успешна мисија во Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој во истиот тон продолжи: Југославија е чудесно измислена утопија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бургиба Јуниор ја забележа мојата зачуденост и во истиот тон продолжи: - Сигурно ќе сакате да дознаете кого има одредено мојот татко за наследник.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)