толпа (имн.) - во (предл.)

Станав дел од палестинската толпа во Париз која тагуваше за својот раиз.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
ПОРТРЕТ ПРЕД ПЕТ ВЕКА
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И за тоа време овие осамени шетачи ни за миг не ќе помислат на совпаѓањето, таа небликната струја што изостанува со секоја толпа во секој град.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ова е миг на утринска збунетост: љубопитникот од толпата во Уфичи на едно од платата на Тицијан го препознава Че Гевара.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Кога Хироши ќе го извлече тепихот под нозете на генетскиот инженеринг, толпата во Медина ќе биде спремна.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Појде во пресрет на смртта во егзил во својата Палестина, слободна во соништата, оставајќи ги последните траги на својата легенда.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Палестинците на кои им се придружив во толпата во париската болница, каде што неговото срце ги одбројуваше последните отчукувања, велеа дека во секого од нас остана нешто од Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го видов на телевизискиот екран стариот палестински раиз како стапува на француско тло, истоштен од болеста, со белата нарасната проретчена брада, со изгубениот сјај во очите, со задржаната насмевка, како на жива статуа, со живост задржана само во влажните очи, во пиџама, со сина волнена капа, во придружба на туниски и јордански лекари и неговите најверни соборци од претседателската гарда.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)