толпа (имн.) - се (зам.)

Дервишите излезени од циркускиот плакат танцуваат во истиот пустински предел, во кој раздразнетата толпа се граба за крвавата слезинка, џигер, бубрези, изгнасени од прав и мравки.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Низ толпата се промушнал здив на олеснување - од искони ножот бил дел на нивна коба.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неговиот гнев се грчел во неговите тупаници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Благо, без тежина, тој му го поклопил на видовникот едното рамо со дланка и му рекол да не се спротивставува, да легне на грб пред неговите нозе, да остане без отпор пред ножот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наеднаш, заборавајќи го повикот, толпата се разбранувала во исчекување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Откако толпата се разотиде, полека станав, и ја тресев правта од мојата облека.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Погледнав онаму кон каде што замина толпата, кон самиот плоштад Сан Марко.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И моќта на толпите се расплинува во поединци. Велат, поединецот е столб на демократијата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
„Ах...“ Тој се помрдна, и толпата се помрдна, под сенката на топлиот балон.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)