тишина (имн.) - чиј (зам.)

Кобнички гракна гавран, потоа веќе знаев дека со кусо и болно повторување чкрта бунарски чарк, квичи осакатен пес и се заценува дете, и сето тоа достасуваше до мене и пак се оддалечуваше, се гаснеше или тонеше во некоја тишина чии ластари се испреплеткуваа околу мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега, во овие околности, небаре против својата во­лја, прв пат ни ја спомнуваше својата мајка, закопана дла­бо­ко во нејзиниот лавиринт на тишината чии тајни тешко ги узнаваше дури и Татко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Зад отворениот прозорец низ кој тешко можеше да се спровре глава на дете, небото лежеше како дамка извалкан снег.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)