тишина (имн.) - бев (гл.)

Но, сега, тајната на неговата тишина беше пренесена и на Мајка.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Бродот се движеше како и пајакот, но кршливото стакло штитеше од времето; тишината беше акустична.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сакаше нешто значајно да рече. Тишината беше позборовита.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Набргу во тишината беа чујни дури и нивните крадешки чекори, а одвреме навреме можеше дури и да се види како по таа белина напред прострелкуваат понекаде и нивните издолжени прилики, кои се искриваа уште првиот следен миг, оставајќи во погледот само една колеблива игра на причинувањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Затоа и не се осмелив да ги подложам на разјаснување моите исчудувања. .
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можеби причината за тоа гласно смеење во мрачната тишина беше и премногу укажувачка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Медитеранската тишина беше совладана во сите нејзини димензии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Убивањето на туните, притеснети во малиот простор, го следат громогласните извици на матанѕистите, на чело со нивниот капетан Монги.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ништо не рече. Тишината беше посилна од секаков одговор.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тишината беше поречовита. Нѐ остави со нашите мисли. Тој добро ја познаваше големата душа на Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Немаше зборови. Тишината беше јасна. Нова комисија, проверки, записници. И сѐ поради козите!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Светот застана. Тишината беше толку неизмерна и неверојатна, како да ви ги наполниле ушите или како да сте го загубиле сетилото на слухот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)