темнина (имн.) - желба (имн.)

Својственост на судирот Над мене се yвездите Можност за одбирање Под мене бездната Посегање по својата мисла јас сум негде на средината Излез од лавиринтот повеќе кон темнината Бегање од сивиот ден Уживање во длабочините Над мене е небото Посегање по својата суета Под мене е земјата Излез од лавиринтот Јас сум негде на средината Чувство на безнадежност повеќе кон темнината желба за неограниченост Над мене е сонот Посегање по својот живот под мене реалноста излез од лавиринтот. јас сум негде на средината повеќе кон темнината Бегство Разбудете ме!
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)