темел (имн.) - и (сврз.)

Потоа почна да ги поткопува темелите и диреците од куќата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но и неа бесно огнооки змејови страшни силно ја тресат од темел и куќата, најпосле, паѓа, а купишта прашни станаа гробови неми . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
При второто врвење со тракторот, гледам плиток темел и наредени камења за ѕид.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Којзнае не ли ѝ се чудел на глупавата селска тврдоглавост на тие луѓе со свои еднострани реформи и дејствувања за поткопување на темелите и сигурноста на неговиот поредок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Впрочем, без оглед на состојбата во која се наоѓале, таа пролет била доба на секакви визии во чии магли можеби и бегот, стопанот на неколку воденици, ги претчувствувал патниците со двоколки под знамето на чумата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но растот нејзин беше побрз од мојот и поголем куќата што ми ја подјадува со своите долги длабоки корења што се шират во сонот што ми роваат та пукаа во ноќите без сон и ѕидови и порти се пореваа темелите и покривот ни татни од нејзините корни од нејзините гранки.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И си одговарам: сигурно им дозволил тој, кој многу сакал тука да не остане белег од темели и цркви зашто некој друг би прашал чии беа, кои беа и каде се тие кои беа?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сѐ се потпира и се држи за ’рбетот, вели, ’рбетот е темел и скеле на скелетот, гледај да не ти пукне жолчката, вели многу ќе горчи месото, вели Лазор Ночески и само сече, го дели месото, го складира.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)