тело (имн.) - навистина (прил.)

Еден од најчестите перформативни простори е самото тело, телото кое се изложува, сецира, се снима однатре, се мери и станува сцена.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Исчекувањето беше идеал, како и невиноста; дури и кога љубовта, потајна, каква што налагаше времето, ќе се родеше – требаше да се оствари тој идеал на чекањето, да се страда во тоа исчекување и во стравот дали соединувањето на двете души и двете тела навистина ќе се случи и, како во некоја религиозна приказна, тоа страдање беше искупување по кое како награда требаше да следи вечна љубов, онаа која ќе трае и по смртта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Затоа и оној кон кого беше упатена љубовта од оној кој љубеше беше воздигнуван како небесно суштество, а така се потиснуваше во себе она што беше сметано за животинско.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Колку телото е способно да го изрази или репрезентира субјектот доколку го замислиме како простор за негова изградба? ÂÂ Без визуелна експозиција на човековото тело навистина веќе нема добар спектакл.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)