тело (имн.) - кон (предл.)

И ги пикна дланките под плешките, ја потфати за рамениците и повлекувајќи ја надолу, кон себе и, влечејќи се со целото тело кон нејзиното лице, ја праша додека така цврсто ја држеше целта во дланките: „Сигурна си дека ништо не се случи? Кажи ми!...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Со изопачено задоволство болката ги контролираше своите касања и оставаше доволно безболни површини, не се движеше од еден дел на телото кон друг, секогаш беше насочена кон пределот на слабините, меѓу колкот и долното ребро.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа се сврте и го притисна горниот дел од телото кон неговото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мечката, веројатно кога си ја достори работата што си ја работеше, се сврти со половината тело кон нив, ги погледа, ги погледа и спокојно си влезе онака во орманот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)