тело (имн.) - ги (зам.)

ГРИНАВЕЈ: Да, бидејќи телото ги манифестира сите физиолошки дејствија со јасна експресија - ждригање, копулација, земање храна, повраќање.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Така што уметнички воведувал “здрав хаос, здрава безобличност” - дали потопувајќи се во такви материјали како што се медот и земјата, или преку акциите и флуксус деловите кои неговата психа и тело ги ставаа во течност, во елементарен процес - Бојс се вратил не само на состојбата на сонот и фантазиите од детството туку и на топлиот, безобличен, формативен период на животот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бидејќи манастирските простории не можеле да ги спасат, луѓето сјурнале во црквата и со своите тела ги штителе иконите и иконостасот да не изгоре.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Всушност, се обидел да го оствари својот повторен развој.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Згрозена, таа неколкупати ја повтори сцената од селското училиште, каде жолтите пци,пред децата,ја растргнале учителката и деловите на телото ги развлечкале низ целиот училиштен двор.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тој таквите објекти и форми-формални објекти ги третираше како да се болни и како физички да мораат да се променат преминувајќи од цврста состојба во течна, така што нивната топлина да стане достапна и да може на луѓето да им прави добро.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Гледа скришум кон рововите и знае што мислат тие таму и кои делови од нејзиното тело ги гледаат и ги голтаат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)