теза (имн.) - дека (сврз.)

Се обидуваше да најде, во неговиот пример, конечни аргументи за својата теза дека, во овој средишен град на Балканот, низ кој минувале и запирале императори, се спротивставувале цивилизаторски, верски, идеолошки доктрини, сепак, во крајна линија, се напластиле и силни наноси на толерантност и на човечност кои остануваат кај одделни избраници.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко остануваше непоколеблив поборник на тезата дека некаде се кријат запишаните вистини, крај толку паметници на отоманското време.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Постои и алузија на Фукоовата теза дека “да се каталогизира значи да се доминира”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тука не се пропушта, се разбира, да се спомене и балканската гордост, Фаик Коница, кој под псевдонимот Транк Спироберг, се вклучува во европската полемика со тезата дека секој природен јазик со непречена милениумска еволуција, има поголемо право да биде избран за универзален јазик отколку сите вештачки јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На крајот ја прифати општата теза дека може и да не се знае ништо конечно за потеклото на јазикот, но токму од неговата еволуција произлегува Човекот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На моменти, додека се внесуваше во описот на јадењата, ја забораваше првичната цел да се изберат конечно стоте (без)опасни турцизми и запаѓаше во расправи, сакајќи да ја брани тезата дека постои сличност помеѓу синтезата на арапско-персиско-турската османска гастрономија и османскотурскиот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Или, како што нараторот вели, парафразирајќи ги тие ставови: Идејата сите народи да зборуваат само еден јазик е исто како да собереш коњи, магариња, кучиња и камили и да ги натераш со силата на стапот сите заедно да рикаат, без оглед на нивниот вид.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко ја застапуваше тезата дека исламското наследство на Балканот е легитимно и така би требало да се разбере.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко не му ја потхрани оваа теза на Камилски, макар што и тој веруваше дека постојат елементи со коишто и би можела да се брани.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски на ова ја искажуваше својата резерва тврдејќи дека кога се говори за наследство, тоа асоцира на завршен процес, на нешто статично.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко беше убеден, како и Камилски, обележан со картезијанскиот дух на париска Сорбона, со неговата теза дека историјата не би требало апсолутно да биде во служба на метафизиката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како некогашен дипломец по правни науки и исламска филозофија на Цариградскиот универзитет, Татко и во доменот на заедничките турцизми на Балканот наоѓаше аргументи за својата теза дека христијанската и муслиманската вера покрај противречностите коишто ги содржат една спрема друга, како источни религии почивајќи врз источниот мистицизам заземале дистанциран став кон западниот начин на мислење и претставата за светот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во таа средина зборот „педер“ се третира како навреда, зборот „лезбејка“ како медицинска дијагноза, а секој обид за дебата завршува со тезата дека хомосексуалната љубов е неприродна.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Пази пример: пред нешто повеќе од два века Томас Џеферсон ја срочил Декларацијата на независноста тргнувајќи од тезата дека сите луѓе се еднакви - по што се вселил во Белата куќа со своите 12 црни роба.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Во тезата дека поезијата е единство на: - јазик, музика, време; - јазик, слика, време; - јазик, мисла, време.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тоа задирање (на пр. сегашните расправи околу клонирањето) ја наметнуваат претпоставката дека телото е само феноменален облик на нематеријален генетски код. Маргина 37 37
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Постојат тези дека идеолошкиот вакуум (чиешто постоење исто така е под прашање) доведе до инвазија на телото во тн. Источна Европа. Колку тоа е точно и евидентно?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Рленет од неговата доминантна филозофска теза дека помеѓу природните и историските феномени постои рамнотежа чие одржување е битно во одбраната на животот на рланетата Земја, неговата книга Видал и своите, ја читав како своевиден антрополошки роман, со силна картезијанска објективност, за откривање на сефардското балканство, кое по многу свои автентични компоненти ми беше блиско, прифатливо, дополнувачко.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тој до крајот ја застапуваше тезата дека, ако исчезнаа империите на Балканот, не исчезна јаничарскиот дух што ги поврзуваше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми и Чанга прибираа нови докази во прилог на тезата дека козата во историјата на балканските народи се појавувала кога луѓето ја повикувале во името на некогашниот заеднички сон.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко, слушајќи го ова од Игора Лозински, добиваше нов доказ за својата теза дека империите се допираат во екстремните потези, во големите грешки, кога цената на поразот треба да се плаќа со невините животи на жртвуваните. Така би со сите империи на Балканот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)