тежина (имн.) - бев (гл.)

За тоа време Лилица лежеше помешечки (некој, дали тоа беше Андон или Азра? – таа не можеше да знае, силно, со сета тежина беше потпрен на нејзиниот лев бут) и со едвај отворени трепавици можеше на елипсастото огледало со масивна дрвена подлога на наткасната од креветот да види дел од лицето на Андон: неговите очи, замижани, силно стегнати во грч, неговата издолжена, кучешка муцка и широко отворената уста која како да сакаше да каже нешто многу, и нешто важно, но наспроти тоа таа беше само нем отвор низ кој се истушуваше нешто низ гркланот, а доаѓаше одоздола, од душата, од нешто што таа не можеше да го види на огледалото.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тие негови раце му тежеа на Џемал-ага но желбата да се ослободи од нивната тежина беше плашлива.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И како што сум се наведнала еднаш така, од многу тежина беше сум... како да го кажам тоа, устата ќе ми се пострупи ако кажам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)