тврдина (имн.) - во (предл.)

И сега, оваа петвековна отоманска синтеза на градот крај реката, соголена до својот последен декор, во оваа џамија, каде што се вардеше светата тишина, уште од времето на султанот Мурат Втори, кога џамијата се извишуваше, како своевидна верска тврдина во просторот, па преку султанот Ахмед, с до последниот престој на султанот Рашид.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во таа османска тврдина во која почиваше османското време, во нејзината утроба во која пред Втората светска војна беа изградени скривалишта, се саможртвуваа козите спасителски заедно со нивниот наткозар Чанга, Татков пријател од тие времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Поетот застанат спроти македонскиот јазик како да се наоѓа пред неосвоивата тврдина во времето: кога ќе си помисли дека ги отворил нејзините порти – се покажале други, трети...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Охриѓани доброволно му се потчиниле, но не успеал да ја заземе тврдината во која се наоѓале византиските војници.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Трагаш по тврдината на загубената меморија, градиш еден вид тврдина во пепел.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ја чувствував, како ја презема улогата на читател на мојот татко, на моите браќа...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Лево – голите врвови на Бела Вода, десно – Лунѕер, тешко освоиви тврдини во времето на војната, градени со рацете на македонските селани и селанки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Наспроти зградата во која бевме сместени имаше парк со палми и фенери и зад нив тврдина во која, како што велеа, имаше многу затвореници.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Еве, да ве послушам и да се обидам да ја напуштам тврдината во која престојувам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)