тврдина (имн.) - кој (зам.)

Борбите, кога воопшто се водат, се водат на нејасните граници, чие географско постоење обичниот човек може само да го претпостави, или пак околу Пловечките тврдини кои бранат стратешки точки по должината на морските граници.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ана Ливиа, полски книжевен критичар Градот во кој се случува дејствието на романот Времето на козите не е голем, но над него доминира Тврдината која го симболизира повеќевековното владеење на многу Империи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И тие истрчуваат, не знаејќи дека зад нив ќе се затворат градските порти а тие ќе останат отаде тврдината, не знаејќи дека тоа е начинот на кој градовите, на секои неколку години, ги изгонуваат лудите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Конечно стигнуваат до излезот од тврдината која го оградува градот, портата се отвора, чуварите ги задаваат последните удари со камшици, и извикуваат: “А сега – на слобода!,” и ги пуштаат да излезат низ портата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таква си ја замислуваше Татко и својата хартиена тврдина, најцврстата балканска тврдина која сега се уриваше во неговите мисли.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Требаше да ја совладува оваа тврдина која беше составена од повеќе лавиринти, а на крстопатот од тие лавиринти се криеше тајната на секое семејство.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)