тврдина (имн.) - бев (гл.)

Во тврдината беа измешани остатоците на врвовите на Истокот и Западот, како гробница на минливоста, како вечен поттик за метафизичките размисли на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А оваа тврдина беше токму таков споменик на паднатите империи...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше граница којашто требаше да се мине.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За него тврдината беше и граница во неговиот балкански егзил со семејството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)