твој (имн.) - убав (прид.)

На зборовите од Гаврил ти ширум ги отвори, за последен пат, твоите убави зелени очи.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
А ти го месиш со твоите убави бели раце...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Па така и твоето директорско место матните го однесоа".
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Гледаш, и зборот патува: урива и пустоши.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Значи дирекцијата на дрводелската задруга се клава ад акта! Така се вика фирмата кога ќе пропадне?“, прашав. „Точно така. Ад акта“, одговори Боге од Бањи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Некој умен се нашол и твоите убави намери лично му ги презентирал на другарот Ѓурчин. До збор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)