твој (имн.) - срце (имн.)

Нема овоштарници без тебе Во крушата ти отворив гнездо Не влегувај; И мравите знаат како е да се преживее на среќа не е среќа да денгубиш во жолтите круши над твоето срце, срце не е, така изгледа црвената пламена печурка од твојата уста.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Кога ќе ја слушаш исповетта на твоето срце дека го убиваат болка и мака, тогаш, можеби тогаш, ќе допре до тебе гласот на моето срце дека сеуште те сака.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Го слушам твоето срце како своето, го гледам твоето синило во зраците на изгрејсонцето, се бранувам во очите на брановите, а се огледувам во душата на длабочините.”
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не ми треба се за да те љубам, ми треба само твојата љубов, тоа е се што ми е потребно за да живеам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не сум далеку од тебе, тоа далечно чукање и не е така нечујно, го чувствувам секогаш кога ќе ме обземе немир, кога за момент ќе застанам, ќе воздивнам и ќе се насмевнам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Каде го остави твоето срце, крадешкум ти го украдоа небитни лица.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Новиот почеток би бил ново разочарување, а за тоа бев премногу слаба и ранлива.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Лежев на твоите гради, го слушав чукањето на твоето срце и чувствував дека јас сум таму длабоко под кортексот во коморите и келиите на љубовта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И сега кога сум далеку жалам за тоа што не го искажав.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Никогаш ја немав видено пустината, а пустината веќе одамна си го најде својот зародиш во мојава душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ти го отвори твоето срце толку широко и ме зема мене засекогаш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Човечкото срце е толку големо, може да ги собере сите страдања, а не сакам да страдам, сакам да љубам, ми треба твоето срце, тоа е мојата мека перница,таму спијам јас, тоа е моето скривалиште во бурните денови.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Знаев дека звукот на оргулите, колку и да ти се одалечуваше од Париз, колку се повеќе се наближуваше кон твојата земја, знаев дека тој ќе допре до твоето срце.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Му се слоши. Му го избришав челото и му реков: - Немој да се дрогираш злато, тоа не е добро за твоето срце.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Дај ми се што е ситно во твојот џеб и твоето срце, Јано.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Земи ме, земи ме, горе на ’h’ еднаква на ’h’ на твоето срце!“, ги слушам нивните гласови и знам - пак ти отклучиле.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Да го послушаш малку, не треба од ништо да се плашиш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потребно е само да му дозволиш на твоето срце да зборува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го знам јас твоето срце. Ти нема да заборавиш на нас.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Така беше и со моите палестински пријатели Јасер Арафат и Махмуд Дарвиш... ***
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Биди што си каде и да си Понеси го само товарот на твоето срце И врати се кога сите земји Ќе ти станат татковина Махмуд Дарвиш Нашите средби се само збогувања на крстопатите на зборовите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Трансмитирај во невиноста на твоето срце и побарај таму делче од она што Платон го викаше зачеток.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Судар без жртва... на автопатот до твоето срце...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Јас сум твојот ангел чувар Заминав од твоите очи, но не и од твоето срце и глава...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)