твој (имн.) - постоење (имн.)

Те чекав на крајот од сонот, беше толку блиску до мене, го допирав твоето лице, на глас го изговарав твоето име, ти го чувствуваше мојот копнеж да те претворам во совршенство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Го чувствувам твоето постоење како топол бран од медитерански мириси, како диви страсти и топли огнови.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Го сакам мирисот на твоето постоење, сакам кога разиграно ќе поминам со прстите низ твојата коса, ги сакам твоите прегратки, го сакам погледот од твоите топли, широко отворени очи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Така јас, и пред да те видам те имав во мене... твоето постоење дишеше во мене...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Гледајќи го својот лик во нив се чувствувам живо и знам дека во нив се раѓа цел еден свет.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)