твој (имн.) - име (имн.)

„Само твоето име и презиме е точно запишано.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Подобро ќе е за тебе да учиш, а не да се занимаваш со вакви проблематични работи!“ зборуваше строго и ја крена тетратката - со изнашарани цветови, срца, прашалници.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Лексиконот, мајчице мила...“ низ телото секавично ми минаа морници.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Му го кажав твоето име...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во тој миг, Самир Мустафа, тивко, му рече на Татко: - Денес го споменав твоето име во Владата...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
„Во моето сеќавање оној што замина засекогаш ќе остане Ведран, а оној, кој белки набрзо ќе наиде ќе го наречам по твоето име, Иван, а на тоа твое Иван ќе му го придодадам и моето, Таша.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А подоцна, кога веќе беше роден, многу често, само и да помислев: "Мој Иван е овде" - веднаш ми се причинуваше дека тоа име го слушам изговорено од некого и тоа на сет глас, иако јас молчев.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И така, ќе имаме син кој ќе се вика Иван Ташин“ си велев и мислев на мојот син, кој беше веќе многу многу наближил и секој момент требаше да се појави, да заграби од воздухот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Што ќе кажеш?“ „Ќе викам, слушајте, слушајте, овој подарок е од...“ ќе мора да го кажам твоето име.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
”ќе го ставиме твоето име на федералниот затвор со етикета на информатор”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Така завршив во затвор наречен Сендстон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога стасав таму, имаше промена на облеката и тие рекоа “Управникот сака да те види”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Актерите не можат да започнат со својата креација додека не се сместиш удобно во фотелјата на која на горниот дел со огромни букви е испишано твоето име.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Иницијатива, амбулантата каде што ти работеше толку години да го носи твоето име.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Му кажав дека јас и синовите сакаме да преземеме иницијатива, амбулантата каде што ти работеше да го носи твоето име (бидејќи, истата немаше име).
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ја притисна кон себе и ѝ рече: „Како би било твоето име нагалено?“ „Не знам“, му рече таа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Фелдфебелот го погледна, се прибра и со далеку помирен глас од што мислеше рече обраќајќи му се на Србина: - Госпожата ми објасни сѐ во врска со твоето име.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Зошто да се мачи девојката со некакви имиња случајно ако реши подоцна да не влегува во оваа работа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Точно. Точно! Сигурно му рекол: Не смееш да го спомнуваш твоето име, братец, никако твоето име, оти тоа може да ги искомплицира работите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Студена зима, ноќи празни, сама од себе ја кријам болката, ти го крадам сонот, го шепотам твоето име, ти ги допирам усните, нежно со прстите поминувам низ твојата коса, долго гледам во твоите очи, а во нив моите нежни години.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Црвено е виното на дното од чашата, црвена е бојата на розите во нашиот дом, црвени се бакнежите на вљубените.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
-„Колку може да биде скапа надежта на двајца млади луѓе?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Каде си, врати се, ќе плачеме заедно, ќе ја поделиме болката, тагата ни е блиска. –„Зар може чиста, искрена, длабока, божествена љубов да има крај?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Како ова срце да преболи, ова небо солза ми осветлува, а ноќта болка ми сокрива, лице ми венее зошто твоето не ме љуби.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Те чекав на крајот од сонот, беше толку блиску до мене, го допирав твоето лице, на глас го изговарав твоето име, ти го чувствуваше мојот копнеж да те претворам во совршенство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Те барам во овој студен град, помина полноќ, најладната ноќ во годината, осаменоста ме убива, немирот во мене и копнежот по тебе не ми дава да заспијам, копнеам по твојот лик и твојата насмевка, го изговарам твоето име и викам за да ме чуеш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сино е небото а на него напишано моето и твоето име, сини се твоите очи, сјајни и топли, скриени зад завесата на очајот, сини се твоите погледи, вљубени во очите на љубовта, сина е бојата на мојот сон.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Потоа можеш да пишуваш сè и сешто или да гледаш во ништо но таа секогаш ќе преде крај тебе – под, над, до твоето име.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Реков не. Мислам дека го реков и твоето име.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)