твој (имн.) - време (имн.)

Можеш како ветар да го донесеш твоето време во моето, да посееш семе на живост, да го запреш времето за да вдишам воздух...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
А, ако даде Господ овде да се вратиш, ќе стигнеш во некое друго време, ќе видиш ти побегнало вистинското време, нашето, твоето време...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога твоето време ке се измори од чекање, и ќе се потроши твојата гордост, повторно ќе дојдеш во мојата светлина...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)