тајна (имн.) - служба (имн.)

Отпрвин само некои, оние помалку важните, за наскоро да почне да кружи во автомобил со офицерите на тајната служба низ улиците на Сантиаго во лов на илегалните соработници на чилеанската левица.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Како да сме излегле од најстабилна демократија во која луѓето уживале неприкосновени слободи кои што никакви тајни служби не можеле да ги ограничат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Она што во Германија им се префрла на поединци - не толку фактот дека некогаш работеле за тајните служби на тоталитарните држави, туку токму тоа дека денес тој факт го премолчуваат - кај нас би можело да му се префрли на целото општество.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во средиштето на интересот на јавноста е соработката со тајната служба на бившата DDR.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Со време нејзината соработка добива сѐ поактивни форми, таа станува агент на тајната служба под име „Јагуар“ и се стекнува со статус на офицер.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Личеше на човек од тајните служби на соседните земји.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Со „средна височина, подздебелен, со проретчена коса“, во „долг зелен мантил стегнат до гушата, спуштен до глезните“ му заличел на „човек од тајните служби на соседните земји“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Работното место на Гоше, всушност, му беше подарено или, со оглед на околностите, тоа беше измислено за него, како благодарност за она што се нарекува минат труд, за неговиот влог во соработката со тајните служби за безбедност - поткажувач од посебен агол на гледање и слушање, регистратор по хоризонтала, без толкувања, и со јасно означен радиус: во кругот на Противпожарната единица за руралните средини околу Метрополата, формирана под покровителство на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)