тајна (имн.) - полиција (имн.)

Тие пред сé биле заинтересирани за: “(А) Личностите од бугарската администрација и тајната полиција во Скопје. (Б) Активностите на ВМРО и нивните односи со бугарската влада и со Германците. (Б) Какво мислење постои во сегашниот момент меѓу населението на Скопје за идниот статус на Македонија и односите на Македонците кон Србите и кон Бугарите и релативната големина на за рличните мислења. (Г) Идентитетот на единиците кои сега се стационирани во Скопје и кои неодамна поминале низ него и во кој правец“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во собата влетале две озлогласени лица од тајната полиција Сигурими.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сите под увидот на строгото око на тајната полиција.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Имав впечаток дека Х.Х. упорно и доследно ја реализира програмата на тајната полиција односно Централата за моето однесување во Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бев сигурен дека ја известува полициската Централа на тајната полиција за мојата негативна реакција кон Сталин и сталинизмот на самиот влез во Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во прво време, во темата на враќањето во родната земја, субјектот разбира дека ќе треба да се брани од акциите на еден анти­субјект, наративен интервент, означен од платените егзекутори на тајната полиција („Дури и во мислите, не стануваше збор за повлекување или да се избегне стапицата којашто се профилираше...“).
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Еден од функционерите на тајната полиција, некојси Панајот ефенди, кој порано служел во Велес, ги познавал речиси сите велешани од Кружокот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Конечно се постави прашањето, зошто сите тие луѓе благовремено не прозбореле за сеновитите страни на своето минато, туку чекаа во јавноста да се појават документи што токму двократно ги обвинуваат - не само за докажана соработка со тајните полиции, туку и за прикривање на таа своја дејност - и на тој начин им товарат на грбот морален товар поголем отколку оној што ќе го понесеа навремено самите да излезеа во јавноста со своите вистини.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
А ти знаеш ли дека оние од тајната полиција ми ги читаат ес-ем-еските, имам другар таму, ми кажа.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сите нормални ги избегнуваат ноќните клубови откако јавно се обзнани дека се под контрола на тајната полиција.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
На новогодишната ноќ меѓу 1946 и 1947 година, кога семејството на брат ти во Тирана, штотуку беше седнато на празничната маса, вратата на нивната куќа ја отворија две озлогласени лица на тајната полиција Сигурими.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
-Во својот бес тие ги принудија мирољубивите млади против нивна волја да се вклучат во нивните армии и да извршуваат убиства против младите на други земји.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
-Во својот страв тие создадоа големи армии на тајни полиции да ја шпиунираат приватноста на мирољубивите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
-Во својата алчност тие од производството и продажбата на оружје направија економија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)