тајна (имн.) - пат (имн.)

Зарем ова беше Бешир? ! Бев изненаден од луцидната и иронична реакција на возачот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нејзините надежи и делумно ќе се исполнат, кога Татко, сплеткан во витлите на Големата војна, најверојатно жртва на хасмата*во родниот Подградец, работејќи во еден период како преведувач по француски јазик и инспектор на училиштата на албански јазик (според записи на легендарниот поетот од Подградец Ласгуш Порадеци), под управа на француската администрација, по наговор на командантот на француската окупациона зона Едуард Огист Иполит Мортје ќе се најде, по тајни патишта, во цветот на младоста, во Истанбул за да учи за кадија, крај својот вујко Али Фетхи-беј, во времето на најжестоките борби за создавање на нова Турција, по целосниот распад на Османската империја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ѝ пееме на раката што те прелажа крај ливадите и те доведе тука времето чирак да ти биде на ликот твој да му служи и да се подучува за тајните и тајни патишта на убавината.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Сеќавајќи се на оваа реплика пред да влеземе во амбасадата му реков: - Бешире, Палестинците секогаш се движат тајно. По свои тајни патишта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Подоцна Онисифор Проказник со зачуденост ја нишал главата: во Кукулино дошла по свои тајни патишта вистината, ако тоа сепак била вистина, дека Ганка со бегање се спасила од напасници, што им ја запалиле куќата и ги потерале пред камшици врзани пред своите коњи нејзините родители со поголема група недолжни селани.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак ја видел девојката како граба од една двоколка големо парче месо и како бега со трчање веднаш за да стане мрак во мракот на простор до кој зелената небесна светлина не достасувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)