тајна (имн.) - врска (имн.)

Додека помалиот син се растрчуваше меѓу публиката да им угоди уште со по некоја чашка, која тие ја прифаќаа како коктел, а тој самиот си ја сфаќаше како задушница, една старица во црно, склопчена надве врз едно столче во ќошот, гледаше во празно задумана во тајната врска меѓу смртта на детето и мажот, во ѓаволската судбина на таткото кому пред очи му умира синот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
По откривањето на тајната врска, по закана и строга наредба на Султанот и по барање на тогашниот Шеих Ул Ислам, ја задавил својата голема љубов и своите деца (од 4 и од 7 години) во одаите на својот Сарај.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Некои ширеа гласови во Козар маало и во градот дека татко ми е уфрлен од власта во Козар маало, а останал во тајни врски со партијата, наводно за да ги следи релациите помеѓу козите и луѓето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со моето и со твоето минато, со нашите „тајни врски” со дојденците, кога поради нив си бевме и туѓи на својата земја, моравме да се спасуваме и од туѓите војски и од нашите?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)