тајна (имн.) - агент (имн.)

И меѓу другото, луѓето си го велеа тоа сосема слободно, никаква стража не ги одведуваше, па и воопшто, никаква стража немаше, не сметајќи ги тајните агенти.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Нашиот крал е недостатно облечен, тој, може да се рече, воопшто не е облечен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во Улицата на стариот цвеќар во Истанбул сега се стискаат тајни шеп-шеп шепотари и јавни вревачи по фудбалските натпревари - жив доказ дека сегашноста сепак му завидува на минатото, тука, каде што некогаш сетики врвел и Јане Сандански, со очила за сонце и со џепен саат закачен за реверот со сребрено синџирче, а зад него, се разбира, врвеле и тајни агенти кои му ставале сопки на времето кога ќе подзабрзало.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Во почетокот на 1946 година неколку албански служ­беници од УНРРА ќе бидат неочекувано уапсени под обви­не­ние дека воделе активности на тајни агенти во полза на Велика Британија, САД.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И ако ако тајните агенти беа малку од малку асолна фела Немаше сите до еден сами да мијат садови дома
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Не што не ги интересираат муабетите ами и не ги бидува Тајните агенти за жени со газиња како пропелери Оставете го тоа што го гледате по филмовите Тоа е само заради уметничкиот впечаток или е гола пропаганда И запомнете дека зад секој успешен таен агент Не стои жена со згодни нозе и газе како пропелер
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Толку за муабетот на овие двајца Првпат отворам уста за туѓи муабети Ама како што гледате во нив нема ни грам политика А признајте дека убаво е да се муабети за згодни ножиња и газиња И дека таквите муабети не ги интересираат тајните агенти
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)