татко (имн.) - кон (предл.)

Не пласкајте со устите, се врти татко кон децата, не јадете од копанка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- А ти, Зоки, што направи? – се заврте потоа таткото кон Зоки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Потсвесно мислеше - тоа ќе го приближи таткото кон синот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И обајцата се вратија на Балка­нот, носени од соништата на нивната мајка кон Истокот и од нивниот татко кон враќањето во родната земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во посветата на книгата Видал и своите, тој ја запиша посветата со која се гордеам: А mon frrе balkanique Luan Starova ce livre des racines mlѕ avec lаffесtiоn: Еdgаr. (На мојот балкански брат Луан Старова оваа книга на мешани корени, со љубов: Едгар.) На презентацијата на книгата Времето на козите во Сенатот на Франција на 2 октомври 1997 г., Едгар Морен ќе заврши со зборовите: Луан Старова е наследник на својот татко кон кој покажува должна љубов и оправдан восхит.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)