татко (имн.) - им (зам.)

Невена веќе беше десет години, а Стојан три, татко им Нисе се разболе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Драго ми е што децата не се тука иако жената сигурно веќе има јавила дека татко им умира.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мајка им носеше сѐ уште топло дулсе ди мансана, благо од јаболка што мирисаше уште од далеку, а татко им се смееше и си тураше вино во чашата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- На мајка им у пичка на татко им у жучка - ги опцув и сочно го завршивме муабетот за проклетите курвини синови.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Жива у кафе, коса у чвор, зуби од коњ, тароти, виљушки, гравои, влашка, циганска и вуду магија беа редовни ритуали, а гатарите ги окупираа телевизиите ко татко им да им ги остаил у наследство.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Кога татко им се врати однадвор им рече на домашните: - Мирисаше на снег. Сигурно утре ќе забели.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А татко им, па и дедо им Коце штом ќе речеа: утре ќе е ветровито, или, утре ќе заврне снег, тоа скоро секогаш беше така.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ех, тага ле, откако се знае Потковицата себеси, небидница владее со жителите нејзини, таа си ги коренува...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пак отишле таму, во Тројкрсти, кај синовите на предавникот, а тие во меѓувреме не тргнале оп стапалките на татка си, биле партизани, станале офицери во нашата војска, и им кажале и кога го убиле и зошто го убиле и кај го фрлиле потоа татко им.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само, човек се прашуваше: кого ли редат луѓето - дали умрените, дали татко им Ѓорета, кој, поради пуста Македонија, ни за нивната свршувачка ни за нивната умирачка не беше тука, ни да им се изнарадува ни да ги исплачи, дали мајка им Илинка, која, во еден миг, како што стоеше на работ од гробот небаре скаменета и без солзи, туку рипна внатре во гробот, го прегрна ковчегот и викаше, молеше, заколнуваше и неа, заедно со ќерките, жива да ја закопаат...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Беа дојдени млади и стари познавачи на арапската османица, историчари, толкувачи на таинствените битолски кадиски записи, односно сиџили, на кои Татко им го посвети целиот живот, како нивни откривач и верен толкувач.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
АНЃЕЛЕ: Јас ќе му речам на татка им дека се многу умни и да прати пешкежи за Спаса и за Танета; за Спаса кукла голема со коси та кога ја навали да спие, а кога ја исправи да гледа; а на Танета, да му прати еден костим граѓански алишта, една топка за да си игра и една музика да си свири.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ален и Оливие останаа со подзинати усти држејќи се за образите, но не му се спротиставија на татко им, не изустија ни збор.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Кога вечерта си легнале децата, слушнале како маќеата му вели на татко им: „Утре ќе ги земеш децата и ќе ги однесеш во гората каде што ќе сечеш дрва.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Имав чувство дека сите овие луѓе што ручаа кај масата ни ја одземаат некако, по некаков скриен подмолен начин, а јас сум беспомошна тоа да го спречам, бидејќи татко ми, мојот татко им го беше дозволил тоа, тој им ја отвори вратата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Настаните од стварноста и од нивната фантазмагорија се судираат и се кршат едни со други, а тие се обидуваат да ја докажат својата не-стварност: еден работник во поштата е уверен дека ќерка му не патува да се сретне со вереникот во соседниот град, туку засекогаш заминува на некој далечен остров; една кројачка го фрла тукушто прочитаното писмо на сестра си, во кое таа ѝ кажува дека сака да ја види, а оваа жена е уверена дека сестра ѝ ѝ соопштува дека татко им, кој умрел многу години пред тоа, наскоро ќе ја посети; еден студент, додека гледа во книгата пред себе, во мислите ги превртува животните стории на своите колеги и професорите – настани кои тие никогаш не би ни помислиле дека некогаш би можеле да им се случат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега јас се грижам за Густавите – ги посетувам во домовите во кои живеат со своите мајки, кога се болни ги водам на лекар, еднаш месечно им носам пари од наследството на татко им.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Има луѓе кое своето Јас потполно го заменуваат со некое друго Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но знам дека не можам да се грижам за нив онака како што се грижеше Клара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Другите две ќерки Андромеда и Венера гледаа со тврди бесолзни очи во земјата што го покриваше ковчегот на татко им и со стиснати вилици во себе шепотеа: „Ќе се одмаздиме за тебе, татко“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На невестата толку многу је се нажалило, гледаеќи колку девер је го љубит мажа је, брата си, от една страна, а колку мажот је го пизмел брата си, от друга, шчо му се врлила на вратот и ватила да ронит солѕи као дож, да липат и да немојт да одгоорит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
А коа умрел татко им, поголемијот се сторил домаќин, а помалијот работел сѐ по надвор, многу го слушал брата си и ретко дома се враќал.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Едно време си биле двајца браќа. Дури бил жив татко им, работиле по негоата поела: кој одел на чифлик, кој со офци.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Така је нарачал жене си и после си јавнал коњот, го дупнал и заминал заедно со загарите и соколите (јастребите).
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Пилци да се сторите и од куќава наша да одлетате, да в поле да појдете по трњето да стојте и еден друзи да се барате, та да не можите никоаш да се најдите.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Девер је, зачуден, ја задржал да не паднет и ја молел да му кажет зашчо плачит?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И види вамо! Коа ќе се врата околу ужина, ако не чуја да тажиш во куќава, глаата ќе ти поет!“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Многу биле лоши, разлаални; татко и мајка ич не ризале, многу 'и огорчуале и зер татко им бил многу лут, та беа колнале многу пати, ете зер ѓаол, натемаго, беше се погодил, чедо, некој лош саат, кога 'и колнала мајка му вака: „Синко Сиве, и ти, ќерко Чуле!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Дај да купиме некој портабл, овој мамата ми ја еба“, му велеше на Горан, па купија, ама татко им Кизо не го бендиса и ѝ го подари на Микица за на приколка, дека беше убеден оти малиот телевизор не е нов, ами дека е од визба од којзнае која година.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во тоа им помагаа и нејзините две деца: тие му кажуваа на Богдан кога е мајка им сама дома и каде им е татко им; му јавуваа каде го чека, а нејзе ѝ кажуваа каде тој ја чека.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А таа и сестра ѝ гледаа во земја и чекаа татко им да им каже дека можат да си одат.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Татко им стоеше и разговараше со конзулот лично.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Татко им Таки беше убав човек, со руса коса и долги светли, негувани подвиени мустаки, со сини очи и оштроумен поглед.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И откако со Татко им пресудија на првите османскотурски заемки (јаничарството, курбанот и башибозукот), на ред беше занданата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога им кажав дека го познавав татко им Хрант уште од 1936 година, тие го прославија моето враќање како историски чин на книжарницата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мајка им никогаш не излегла од Долнец, додека татко им Апостол, меѓу двете војни бил во Америка.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Децата на сиромасите останаа да го поминат летото безгрижно, доколку татковци им не ги приглавија кај некој чорбаџија да му ги враќаат воловите и коњите по гумната.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Лесна работа е сега, лесна! — рече Крчо и си отиде Горно маало да ѝ го пренесе на Бисера решението на татко им.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На татко им од ковачкиот мев му поцрнала кожата и од некоја мака која постојано го кини.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Наместо да им кажува за селото, за кусиот живот со татко им, за овците што ѝ го враќаа толку пати колку што се они на број, таа, пред да западне во сонот, им кажа дека горе, на плочата има една тајфа од маж, жена, болна мома и Адно дете у гимнашиу одел тука, гу видек ка дујде вадин, бил уд пунапред тука, а гушна мајката и заплака!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Заборави да му се пофали на чичкото дека татко им е мајстор, најмајстор, дека може сѐ да поправи, дури и гласовите на луѓето што зборуваат во кутиите, ама си има човекот некоја болка во мевот или во срцето, така вели, е неа ја лекува понекогаш со ракија, ама не, не, не се опива.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Како санким на нив татко им да им ја пишал!...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
За нив татко ми прикажуваше оти тие биле брат и сестра и ич не живееле како што рекол Господ, та беше ги колнала мајка им и татко им да се сторат пилиња и да одлетаат в поле, та да се бараат и еден други и да не се најдат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Многу биле лоши, разлавални; татко и мајка ич не ризале, многу ги огорчувале, и зер татко им бил многу лут, така и мајка им, та беа ги колнале многупати, ете зер ѓавол натемаго беше се погодил, чедо, некој лош саат, кога ги колнала мајка им вака: „Синко Сиве и ти ќерко Чуле!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Набргу дојде и татко им.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- Штом Мирко се крие, сигурно оценките не му се најдобри, - рече татко им додека ручаа.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Татковците им донесоа многу играчки, бонбони во светликава хартија, и разни фигури што можеа да се обесат на елката.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)