татко (имн.) - сака (гл.)

Речи и: татко сака нешчо да те праша.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не е лош начинот на кој татко сакаше да ме дисциплинира.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но Татко сакаше со Климент Камилски да дојдат до вистинските обратни докази за да ја докажат вистината.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но стануваше очигледно дека Татко сакаше да посочи пример на одбрана космополитска личност од балканската историја од османското владеење, во која откриваше и модел за својата балканвавилонска судбина, која можеше да му биде блиска и разбирлива и на Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше сигурно оти во метафизичката стратегија на Мајка еден од клучевите ќе ја открие историјата на бравата на нашето отворање на првата врата во животот во егзил, а додека спасувањето на татковите книги ќе ја продолжи семејната историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко сакаше да ја пишува Историјата на Балканот оти беше убеден дека таа треба во крајна линија да го смири балканскиот човек, да го помири со себеси и со другите, да се ослободи од саможртвениот синдром, од проклетството на делбите, границите. На Балканот имаше други Картагини и Палестини...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Првата етапа на егзилот беше Струга од каде што таткото сакаше своите да ги одведе во Америка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
IV Татко сакаше да појдеме од бистрата изворска вода која се влеваше во Езерото и која како ’рбет го означуваше патот сечејќи ја невидливата граница, што ја поставуваа и преместуваа луѓето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко сакаше да дојде до некаков позадлабочен, философски одговор на оваа дилема, особено кога беше во прашање неговата родна земја Албанија и неговата илузија дека ќе ја разбере логиката на возвишувањето и на падовите на империите на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)