татко (имн.) - може (гл.)

Таму каде што за Мајка завршуваше балканската историја, за Татко можеше да почне.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко можеше да наведе уште многу примери од јазичната сфера, за распознавање на заедничкото во доменот на зборовите како основа за одржување на меѓусебната толеранција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Само пред Татко можеше да си ја отвори душата. Него го сметаше за источен демократ, а самиот си се сметаше за западен.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мојот татко можеше својот живот и животот на семејството да го насочи кон еден од конјунктурните јазици за да го изведе на пат или да го спаси семејството: тоа можеше да биде, албанскиот, македонскиот, францускиот или турскиот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Од восхитот со кој му зборуваше Камилски на Татко за руските класици на литературата, најмногу откривани од читањето за нив во делата на Андре Мазон, Татко можеше да утврди лесно од каде потекнуваше прорусизмот на неговиот пријател, кој подоцна, продолжувајќи во просоветизмот својата судбина ја насука во сталинизмот, што можеше да го чини глава на Голи Оток.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко можеше да покаже спремност за предлогот на Камилски да работат заедно врз регистар на главните идеи на османските идеи на Балканот коишто произлегуваат од сиџилите, како прилог на балканските историски идеи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но Климент Камилски најголемата благодарност и восхит му ги должеше на Андре Мазон, кој ја беше утврдил посебноста на македонскиот јазик, близок до српскиот и бугарскиот, но различен од обата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)