тага (имн.) - кој (имн.)

Лежеше и ги слушаше звуците на солзите со кои есента плачеше по летото, без да се помрдне, за со своите движења да не ја наруши хармонијата на тагата која тогаш ѝ надоаѓаше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
-„Зошто Јас, зошто боли толку многу, зошто секој збор ме повредува, зошто секоја насмевка ми е толку туѓа, зошто е толку тешко да заборавам?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Стопати ти напишав и толку пати се избришав, но тоа беше вентил за мојата душа, исполнета со таква тешка, смртна тага која трае и се прелева од една во друга форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Нè обзеде силна, нескротлива тага која на сите начини ја криевме од Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)