тага (имн.) - го (зам.)

Но кога си помисли на поповскиот живот, на сите оние облаги што ги уживаа поповите, тагата го остави и во душата сети леснина и така радосен си дојде на манастирот и му ја предаде иконата на дедот Сталета со изјава дека не мисли веќе да се главува кај него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но, и секогаш, кога ќе помислеше на оној старец, еден благ јазик тага го полазуваше по сето негово тело.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Молк и многу тага го поплати селото; молк во куќата, во дворот, само во умот неуморно кружи, гребе и длаби мислата и не дава да се смири срцето, да се прибере, ден да се пречека со надеж, ноќ да се преспие без болка...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ѕвезден корен На д-р Никола Силјановски Не можеше да издржи гледајќи каква тага го измачува каменот кога не слетува птица на него.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)