тага (имн.) - ги (зам.)

Со тага ги гледал лицата на жените во црно и под црни забратки, бледи и издолжени месечини на црно небо, меѓу црни облаци и над црна земја; како под заповед клекнале и ја допреле со чела камената плоча со голем крст, поголем од крстовите на соседните игуменски гробови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И пак без ред забележа: тагата ги намалуваше браќата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Над заедничкиот гроб на момчоците што пред три години ги заклале преостри јатагани, неколку мајки, како и секогаш во претпразнични ноќи, доаѓале со свеќи да се молат за синовите, најмладите светци во стојбината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш црна тага ги поразила сите: И старо и младо, и мажи и жени, Сите раце заплетеле, солзи пролеале...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)