сцена (имн.) - ќе (чест.)

Тој ќе се грижи, ќе стравува за неа, а сцената ќе биде секогаш чиста и подготвена за да ја изигра боженствената ролја, да ја пласира боженствената реч.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Дури, уште повеќе, како од неофицијални родоначелници на жанрот, од Muddhoney се очекува да го дефинираат смерот во кој grunge сцената ќе се движи во наредниот период.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Но кој да верува дека моето патување во Албанија во потрага по вистинска претстава, создадена според зако­ни­те на уметноста и автономната вредност, ќе се престори самото во драма, при што сцена ќе биде самата земја, со расплет во декорот на Атеистичкиот музеј во Скадар, со ликови меѓу одбраните водичи по музеите, со многубројни активни и пасивни статисти од редовите на тајната поли­ција, Партијата, мои блиски по таткова и мајчина линија, во генералниот декор на родната земја со седумстотини илјади бункери?!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Можеше да се очекува дека набрзо - што и се случи - на сцената ќе се појават купишта имитатори кои до бесмисленост ќе ја форсираат златната формула.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)