сцена (имн.) - стапува (гл.)

Кога во студентски дом или некое станче ќе нагрнат гости од секаде а е крај на месецот и од дома немаат абер да испратат пликче со пари тогаш на сцената стапува степчето.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
На сцена стапува директорот А.А. специјално тој ден дојден во музејот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Токму тогаш кога тој јаз ќе стане преголем на сцената стапуваат науката и нејзините многубројни соперници во играта што се нарекува создавање на реалноста - религијата, уметноста, музиката, мистиката.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)