суштество (имн.) - тлее (гл.)

Човечкиот род отсекогаш го насетувал, и засекогаш само ќе го насетува без да може да си докаже дали е тоа вистина или се самозалажува, она чувство дека во самото човечко суштество тлее некаква нематеријална светлина, нешто што можеби останува да гори и по згаснувањето на телото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа светлина е составена од голем број зраци, од кои секој е некој од човековите најсуштински белези.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)