суровост (имн.) - кон (предл.)

Никогаш не ги премолчуваше своите минати, па и сегашни гревови, својата суровост кон браќата свои, која, иако беше дел од неговиот претходен живот, сепак остана дел од него самиот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ти ќе се вратиш, Рајнер, му велев, реката беше само едно големо чистилиште, ме слушаш ли, Рајнер, тоа е само отпловување, и јас ќе те чекам на крајот од реката, Рајнер, ќе те чекам онаму каде што таа се влева во друго постоење, знам дека си тука, Рајнер, еве ја мојата рака, погледни ја мојата рака, Рајнер, сѐ ќе биде добро, верувај ми, кога ќе заврши твоето пловење, кога ќе излезеш од реката, ќе треба само да ја промениш облеката, ќе треба да облечеш нова облека, и се ќе биде добро, верувај ми, Рајнер, верувај ми, како што јас си верувам на себе, еве ја мојата рака, Рајнер, фати се за мојата рака, и јас ќе те извлечам, а потоа ќе тргнеме кон поинакво постоење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Незауздани чувства на свирепост и суровост кон себе и кон сите околу себе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А и гордоста сама по себе е слепа и сурова, свесна замка за сопствените сетила.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Бонети рече: - Не ја исмејувам, но знам дека христијанството се засновува на суровост кон себе, на страдање, на лишување од сите благодети земни, на лишување од сѐ што примаат сетилата, потиснување на радоста, на желбите, на волјата, бегање од стварноста, презир кон телото, живеење само заради душата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ти ќе се вратиш, му велев, сѐ е минато, и твојата вечна потрага и вечно себегубење, и твојата суровост кон мене и мојата желба да ти вратам со суровост, сета болка, сѐ помина, и тоа што поставувајќи му го на животот прашањето: Кој сум јас?, добиваше одговор од смртта: Ти си ништо!, и тоа што ти гледаше очи в очи со смртта, тоа што сакаше да паднеш во неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)