сума (имн.) - пари (имн.)

Скришно од Никодина доби позначајна сума пари.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По добивањето на „откупот“, Коста и Тодор биле “ослободени“, а повеќемина заговорници се собрале во Софија за да размислат како да се снабдат со поголема сума пари и да почнат со реализирањето на своите планови, зашто со парите што останале од „откупот“ не можело да се почне ништо.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На паробродот пристигнало едно лице, придружено од двајца полицајци, и на затворениците им поделило скромна сума пари - помош од протестантската црковна општина во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Љ Н, како оштетено лице, повеќе пати се обидуваше да стапи во контакт со одделението за сметководство, меѓутоа од ова одделение свесно одбиваа да му ја кажат точната сума пари која му ја должат, како и други општи информации во врска со неисплатените плати и придонеси – кои, во нормални услови, требаше да бидат транспарентни и лесно достапни.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Спорот настанува заради неисплатени осум плати последователно (за периодот од мај до декември 2008 год.), како и заради перманентните лажни ветувања давани од страна на раководството дека тие плати ќе бидат исплатени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Татко ми од Мелбурн, додека беше уште жив, како што се бевме договориле, ми испрати една сума пари во бренчот на Сити банк во овој град (во нашите банки во тие години немавме доверба откога милионски суми на штедачите им пропаднаа) и јас, бидејќи веќе планирав да патувам во Измир, реков дека и така ќе поминам во Истанбул и ќе ги земам парите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Една вечер, со решителниот, силен глас, мајка ми побара од татко ми да ѝ дава редовна сума пари за правење чеиз на девојката.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)