султан (имн.) - го (зам.)

И Хилми си ја зеде грижата да ја исполни султановата наредба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И султанот го награди за таа негова верност и храброст. My ја даде цела Румелија да пашува во неа, но да не го заборава; секогаш да му се најде во лош час. И му се наоѓаше Мехмед.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Навикнат да слуша извештаи за побуни во целата своја огромна царевина, кои секогаш ги задушуваше во крв, султанот го повика својот одговорен службеник за Европејска Турција, Хилмипаша, и кратко му нареди: — За дваесет и четири часа сакам мир во твојот реон.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Значи, на крајот, кога се насетува падот на Османската Империја, таткото султан го убива своето дете јаничар?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)