судија (имн.) - поротник (имн.)

Судиите-поротници ги избира и разрешува Судскиот совет на РМ, под услови и во постапка опре- делени со закон (чл. 42, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Советот избира и разрешува судии- поротници по предлог на претседателот на надлежниот основен и апелационен суд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од мај до ноември 2008, во битолскиот Основен суд се одржаа вкупно четири рочишта за главна расправа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во периодот од октомври 2009 до јануари 2010-та, во битолски- от Основен суд се одржа само едно рочиште за главна расправа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На крајот на месец јануари 2010, судијката (С. Мирковска – претседател на советот), и судиите поротници (З. Ѓорѓиева и Н. Петровска – како членови на советот), го одбиваат тужбеното барање на Ѓорѓиевски како неосновано, и згора на тоа го задолжуваат на работодавачот да му ги надомести парничните трошоци во износ од 14.560 МКД (240 ЕУР), во рок од осум дена од приемот на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во почетокот на ноември 2008, судот (преку судијата Ѓ. Христовски – претседател на советот, и судиите поротници – В. Петровска и В. Чалдарова) – го усвои тужбеното барање на Лозановски и во донесената пресуда ја задолжуваат „Топлификација Битола“ ДОО Скопје да му исплати вкупна сума за главното побарување од 68.902 МКД (1.130 ЕУР), и тоа: а) на име неисплатен дел од плата сума од 8.080 МКД (135 ЕУР) – збирно за 12 месеци: јуни-септември 2005 год.; јануари- февруари, мај-август 2006; јануари-февруари 2007; б) разлика на плата во износ од 25.129 МКД (410 ЕУР); в) надомест за исхрана во износ од 29.093 МКД (475 ЕУР); г) надомест на трошоци за превоз до и од работа, во износ од 6.600 МКД (110 ЕУР) – сето во рок од осум дена по приемот на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судскиот совет на РМ, по предлог на седниците на основните и апелационите судови, со одлука го определува бројот на судиите поротници во секој суд (чл. 44, ст.2 од ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судиите- поротници свечената изјава [која е иста со онаа за судиите] ја даваат пред претседателот на судот во кој се избрани (чл. 50, ст.3 од ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судиите, судиите поротници, вишите судски советници, самостојни судски советници, судски советници, стручни соработници, судски приправници, судските вешти лица, толкувачите, преведувачите и другите лица кои учествуваат во постапката и надвор од неа, должни се да ја чуваат од неовластено откривање класифицираната информација со соодветен степен на тајност утврдена согласно со закон, без оглед како ја дознале.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судиите- поротници имаат право на надоместок за вршење на работите на судија- поротник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во периодот од јануари 2007 до мај 2008, за оваа година и пол колку што траеше парницата, во битолскиот Основен суд се одржаа вкупно четири рочишта за главна расправа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На крајот на мај 2008-та, судијката (С. Мирковска – претседател на советот), и судиите поротници (З. Ѓоргиева и М. Карабеговиќ – како членови), го усвојуваат тужбеното барање на Митревски, при што тужениот НУЦК – Битола беше задолжен: а) да го врати Митревски на работа, на работи и работни за- дачи согласно неговата стручна спрема;9 и б) да му ги исплати парничните трошоци, во износ од 35.570 МКД (585 ЕУР) – а сè во рок од осум дена по доставата т.е. прие- мот на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)