судбина (имн.) - од (предл.)

Не знаете дека пред многу години, Граматик Граматик влегол во одајата со тајниот запис, за да го растолкува и проклетството да го укине, да го симне печатот на судбината од нас.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кој некој? Се знае. Судбината од која можеш да се сокриеш само в гроб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се чинеше, како навистина судбината од цел свет да е во негова волја. Само да сака.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А и ова со нас. Некој определил чија кола кога да се распадне под камењава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со други зборови, токму во добата на овој вечен транзициски мит, бесрамно и немилосрдно се руинирани многу човечки судбини од некогашната „средна класа“, која живее од продажбата на својот труд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овие чудесни материи, како што покажува искуството, на необичен начин коегзистираат со уметноста и ја следат како зла судбина од нејзиното настанување до денес.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тихо рече: „Гатанки не решувам а ти не напрегај се да ми ја прочиташ судбината од дланка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)