судбина (имн.) - се (зам.)

„Нашата судбина се поистовети со нивната. Меѓу нас и нив сега нема разлика,” ми рече.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Двамината мажишта, едниот Грк, другиот Македонец, со едно тело и иста судбина се најдоа на дното на бездната.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Овој површен поглед врз историјата на Македонија ми се чини не само што покажува дека ние Македонците си имаме своја историја и дека сме народ чии судбини се развивале во врска со судбините на другите соседни нам народи, но и дека има во нашата историја многу самобитно и своеобразно, како што е, да речеме, самостојната Охридска архиепископија со нејзиното работење полето на народното просветување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дали нашите судбини се врзани, или разделени засекогаш?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Ти така мислиш, а можеби и не е така, можеби нема да биде така,” ѝ реков.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)