судбина (имн.) - го (зам.)

Оти, ете, судбината го одврли далеку и од мислата за ваков подвиг како шо е свешченичкиот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Татко мислеше дека токму судбината го запрела крај Тврдината, како средишно поглавје од неговата замислена книга за историјата на Балканот низ падовите наимпериите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Постариот син се врати од Цариград засекогаш, но судбината го упати по друг пат, додека помладиот, за среќа, без да го видат тоа Мајкините очи, почина во 1943 година.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
На крајот од првенството судбината го добива мечот ама најбитно од све е што после целата утакмица изморен од исцрпната игра си се издувал и си го пружил максимумот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Особено што тоа беа луѓе родени во еден од полските штетли, села со еврејско население, семејство кое судбината го одвои од животот на предците, а трговијата со сточна храна го однесе во Гдањск и пристојно го збогати, овозможувајќи им да скокнат од селската општина во трговскиот сталеж и од грубите ткаенини во префинета градска облека.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Него, потоа судбината го одведе кон Франција, каде што преживува со своето семејство и е еден од малобројните преживеани на сефардскиот солунски универзум кој страдаше речиси целосно во времето на фашизмот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тој беше угледен и висок администратор во француските железници, но козите и нивната судбина го исполнуваа целосно неговиот живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ботичели најпосле крева раце од се и собира лажички со грбови на градовите низ кои талкал.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
На терасата во Уфичи една група турчинки сркаат кафе со многу шеќер и шепотат нешто за тоа дали Ботичели би се шекнал со умот ако наместо во Фиренца судбината го турнала во харемот на султанот.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Врвен познавач на шеријатското и модерното европско право, татко имаше некакво атавистичко чувство на балканското тежиште во себе, но и не можеше да се ослободи од одисејскиот дух, па брановите на судбината го исфрлија крај оваа река и во овој град, во кој мораше уште еднаш да се докажува, да го вкоренува своето откорнатичко семејство, соочен прв­пат со гладот, со гладот на своето семејство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога судбината го доведе под Калето, не­му му се јави стариот сон како ја пишува Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И ете, тука судбината го донесе Татко, не како адвокат да посведочи за тестаментот, туку како голем вљубеник во Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Игора Лозински, белогвардејската судбина го донесе до Езерото по долгото талкање по Русија, преку Одеса во Цариград, во дваесеттите години на дваесеттиот век, кога Татко таму студираше.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Игор Лозински, кого судбината го беше казнила на горкиот егзил во светот, напуштајќи ја Русија во пламен, најде последен пристан на истекот на реката од Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој му се восхитуваше на новиот пријател, белиот откорнатик Игор Лозински, за храброста да го продолжи животот кога судбината го стори голем губитник.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но може ли литературата - потфат чијашто цел е да го обликува внатрешното гледање на својот творец - да биде пренесувана од татко на син?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Синот ќе ги спроведе во дело татковите ностварени желби.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Денес сигурно знам дека таа вокација во мене ја поттикнал мојот татко затоа што самиот сакал да биде писател, но судбината го одвела во друга насока: стана адвокат и професор по психологија...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Затоа јас верувам дека таа моја вокација е одговор на татковото наметнување.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)