судбина (имн.) - бев (гл.)

Но судбината беше побрза од мајкиниот инстинкт за спасување на чедата...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во сите негови разговори и размислувања во овие изминати четириесет и пет дена, единствено име, збор, поим и судбина беше Клефтис.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Беа погубени, а нивната судбина беше забележана во партиските истории, како предупредување за потомство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И Татко и Камилски, секој на свој начин, и според свои мотиви, беа обземени од мистериите на османското време, задржани и скриени, присутни во мирисот и здивот на вековите заборавени во џамиите и вакафите (битолските кадиски записи), во шепотот на водата на шадрваните, во ехото на исчезнатото време во ановите, во звуците на чаршијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По откривањето на битолските кадиски сиџили (од ХV-ХIХ век), тој се најде пред вистинска ракописна Атлантида на исчезнатото османско време на еден од значајните делови на Балканот, со што патот на судбината беше одреден.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Татковата судбина беше означена од спротивставувањето на фашизмот во потрага и спас на своето семејство и наметнатата бегалска судбина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Својата судбина беше му ја доверила на судникот во белиот мантил, кој требаше само да ја каже пресудата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
(Се отвора капакот од таванот.) ГАВРИЛ: (Во бунило) Што судбина беше тоа?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Моите книги, мојата балканска култура, мојата судбина беа прелеани во друг свет, во друг живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Почнувајќи да ја пишувам мојата балканска сага по педесеттата година од животот, имав постојано чувство дека беше доцна да ја остварам пишувачката мисија, каква што ја замислував низ балканската сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не можев да пуштам корења...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Беше добар вујко ми, но токму...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мојата судбина беше неодредена.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Семејната судбина беше одредила јас да го остварам враќањето, невозможното враќање од егзил, во родниот Поградец, во Земјата на езерата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И, најчесто, судбината беше на нивна страна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)