стрико (имн.) - ти (зам.)

Сега останав и без стрико ти, вели, брат ти и сестра ти ги криеме во Лариса...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Мајка ти е дома, ама стрико ти го затворија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога Крсте два дена пред пазарот ѝ кажа оти татко му од десет лири не може да му даде повеќе, таа стана, отиде во земникот и му изнесе дваесет наполеони и пет лири и му ги врза (во едно крпче: — Земи, сторите арч со стрико ти Трајко, та за враќање — бидите живи, со Толето ќе се есапите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
ЈОРДАН: Слушај, ќерко. Ете, стрико ти Кољо те сака, да му бидеш снаа за внук му Јован. Го познаваш?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Бргу, Буче, земи, однеси го дома ,на мајка ти, и побргу донеси му го цедилцето на стрика ти Стевана, си има работа, да не го задржуваме! — и просто му ги дрпна од раце цедилото на Стевана и му то даде на Бучето, кое веќе си ја знае должноста понатака, а тој го продолжи разговорот со Стевана, кој засрамен му го пушти цедилото со сирењето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете, така, почитуван мој М., те молам да ги примиш надоблачние, небесните поздрави од стрико ти Бојан Домански, ни рајски ни адски туку средински.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)